PixieКid Sling

 

Слинг марамите често се нарекуваат најбрзи носилки, бидејќи детето многу лесно и брзо може да го ставите и извадите од неа.

PixieKid слинг марамите се прават од најфин индиски памук. Памукот е секогаш добар избор кога се работи за бебиња и мали деца. Материјалот е прозрачен, удобен и цврст, рачно ткаен и боен со органски бои. Алките се од алуминиум, специјално направени и тестирани  за носење на деца во вакви носилки.

 

Слингот се носи преку едното рамо, а тежината се распоредува дијагонално преку телото.

PixieKid марамите може подеднакво да се користат за носење на новороденче, како и за поголеми деца.

 

 

Упатство за одржување: Препорачливо е слингот да го перете рачно, на температура не поголема од 40 C. Можно е при првото прење слингот да пушти малку боја, поради органските бои со кои е боен, и тоа е сосема во ред. Слингот нема да ја изгуби својата првобитна боја.

Многу е важно да НЕ користите омекнувач за алишта. Тој може да предизвика лизгање на материјалот низ алките во текот на носењето! Сушете на рамна подлога.

 

Цена: 3200 ден.

Бои: Портокалова, зелена (Ливада), сина (Небо), модра (Butterfly) и црна!

 

 

 

Упатствa за користење на слингот




23/06/2010 22:31