Sleepy Wrap безбедно го држи вашето малечко блиску до вас. Таа е специјално дизајнирана за првата година од животот на вашето бебе, но тоа не значи дека нема да можете да ја користите и потоа. Напротив, повторно и повторно бебето ќе заспива на вашите гради. Ќе може да се носите се додека сакате и ви е убаво на двајцата.

Се‘ е до материјалот ...
Квалитетно трико со голема издржливост
кое нема да се развлече и рашири и по неколку саати носење
Ткаенина која совршено лежи на телото на бебето
Нема потреба да ја одврзувате кога ќе го доите,
вадите или ставате бебето
мека, пријатна и удобна на носење
без да мислите колку простор треба да оставите да биде таман за бебето
Совршено лежи преку двете раменици
Дава потполна потпора на главчето и вратот на бебето
Правилна потпора на колковите
Правилна положба на ноџињата свиткани како на "жапче" што е важно за правилен развој на колковите
Сигурна е, удобна и пријатна.
Може дискретно да доите со марамата, нема потреба да ја одврзувате!

Состав: 95% памук, 5% спандех
Одржување: Се пере во машина, на ниска температура !
- Основен начин на врзување

Од кога можам да го носам моето бебе во Слипи Врап?
Ниедно бебе не е мало за да се носи во Слипи Врап. Тоа поминало 9 месеци во вашиот стомак и на него му е поубаво така свиткано, безбедно и блиску до вас отколку да е испружено во количка. Впрочем Слипи Врап е дизајниран специјално за бебиња. Материјалот ве обвиткува префектно и вас и бебето. Иако положбата Classic Love Your Baby Hold одговара за сите возрасти од новороденче до поголемо дете, некои мајки претпочитаат да не ги раздвојуваат ноџињата на бебето во првите месеци и избираат да го носат во положба Колевка или исправено "стомак на стомак". Ако вашето бебе е малечко, последната положба е најдобра. Сите положби се сигурни и добри за развој на вратот, колковите и ’рбетот дури и кај најмалите бебиња. Дури и предвреме родените бебиња може да ги носите во Слипи Врап. Никогаш нема никаков притисок на бебето во било која точка.
Дали ќе го разгалам бебето ако го носам?
Не. Сосема спротивно. Носените бебиња се чувствуваат сигурни и сакани. Носените бебиња се сигурни бебиња. Испитувањата покажале дека носеното бебе се осамостојува порано и ќе сака да оди само повеќе отколку да бара да биде во раце.
Дали е во ред носењето во однос на неговото грбче?
Слипи Врап е дизајниран така да не прави притисок на ниедна точка од телото на бебето. Ноџињата, колковите и ’рбетот имаат целосна потпора. Не постои лимит колку време бебето може да биде вака носено. Може да го носите бебето цел ден без да има било какви штетни последици.
Моето бебе изгледа како да тоне кога се движам - Колку цврсто треба да ја заврзам марамата?
Слипи Врап треба да биде заврзан цврсто, односно не треба да се остава простор за да се смести бебето. Не треба да виси лабаво, ниту пак да биде згужван или превиткан. Секако, не треба да биде заврзан ни премногу цврсто , бидејќи тогаш нема да се чувствувате удобно. Врапот не треба да ве притиска во ниедна точка.
Кога Врапот лежи припиено на вашето тело, бебето ќе биде носено високо на градите , па така носењето ќе биде удобно и на двајцата.