
Еве искуство од една мајка:
“Нам уште ни служи перницата за доење: од бременоста кога ми помагаше полесно да се наместам за спиење, до првото доење кога ми требаше помош полесно бебето да се намести, потоа кога имавме проблеми со многу млеко го доев потпрен на перницата и со нејзина помош уште доиме успешно повеќе од 16 месеци. Сега ни служи и за потпирање при седење, се возиме на него и се бориме со него. Ептен исплатлива инвестиција, фала многу !“
Ана Стојаноска

Перницата ќе ви биде од корист вам и на вашето бебе при доење, хранење, спиење, читање, одмарање, играње ...
- Потпора за грбот во текот на бременоста, како и за поудобно спиење
- Потпора за бебето додека го доите или храните
- Потпора за бебето додека се учи да седи - вистинско гнездо!
- Го користат и постарите деца за читање или гледање ТВ
Убаво се прилагодува спрема телото, не се деформира! Полнењето е со антиалергиски куглици (гранули)
Должина на надворешната страна: 220 цм
Навлаката е од 100% памук, која се вади и се пере во машина.
Производител: Мама и беба, Хрватска
Бои: Сина и св. жолта (со мечиња)
