ISARA V3 стандард - Bebe Sling


ISARA V3 стандард

ISARA е ергономска носилка со панел кој се подесува во ширина и висина, па така секогаш обезбедува оптимална положба на  бебето/детето. Со неа може да го носите бебето почнувајќи од  1 месец па до  4 години (од 4 кг до 20 кг).

Панелот може да се подесува во висина од 31 цм до 45 цм, симетрично од двете страни или асиметрично. Кога е подигнат обезбедува  потпора на главата, што е особено важно кога бебето е мало или кога ќе заспие. Исто така, панелот овозможува дискретно доење. Кога детето е поголемо и не сака рацете да му бидат внатре, панелот се снижува.

Базата може да се стесни , од 38 цм до 26 цм - милиметар по милиметар, точно толку колку што е потребно за да бебето биде во оптималната  положба на жапче (М-положба), со газето пониско од коленцата.

Ова е многу важно бидејќи овозможува да се носи  и мало бебе од 1 месец, без да има потреба од уметок или перниче.

Панелот е мек и убаво се прилагодува спрема телото на бебето давајќи му целосна потпора на грбчето.

Положби на носење: Напред со паралелни или вкрстени прерамки, бочно и на грб, бебето е секогаш свртено кон вас

Други карактеристики  кои обезбедуваат  удобност и сигурност

Прерамките се широки и удобни  

Делот кај ноџињата  е потполнет и мек за поголема удобност

Појасниот дел е широк и појачан со мемори пена за поголема удобност

Капа која се подесува и вади

Копчите не одат директно на кожа

Еластични траки за додатна сигурност

Материјалот е 100% органски памук, GOTS Certified, добар и за во лето и зима

Дизајнирана е и произведена  во Романија

Целосно во согласност со Европски стандард EN 13209-2:2014 и ASTM International Standards F2236-14

Одржување: Перете ја само ако е неопходно. Доколку има дамки, исперете ги само нив со сапун и млака вода и оставете да се исуши. Кога ќе ја перете во машина користете благ детергент и програма со мал број обрти, на температура до 30 Ц.  Претходно закопчајте ги сите копчи, ставете ја во јастучница.  НЕ користете омекнувач, НЕ ја сушете во сушара!

Упатства за местење видете тука

19/05/2017 22:43