Boba Carrier 4G - Bebe Sling


Boba Carrier 4G

Обезбедува ергономска М-положба која е добра за оптимален развој на бебето. Мекиот панел дава убава потпора на грбчето. Boba 4G е удобна и добра и за бебето и за тој што носи!

Појасниот дел и прерамките се екстра појачани, што овозможува удобно носење дури и на потешки деца.

Boba 4G има компактно перниче,  кое може да се мести во 2 позиции: за новороденче од 3,2 до 4,5 кг и од 4,5 до 7 кг (видете ги сликите подолу). Кога бебето ќе има 7 кг,  повеќе нема потреба од перничето и тоа се вади.

Ноџињата се поставени правилно во однос на колкчињата - како буквата М или т.н. положба на жапче,  што обезбедува правилна положба на бебето.

Лесно се монтира и подесува спрема телото, обезбедува убава прегратка и директен контакт со бебето.

Направена е од квалитетен 100% памучен материјал, убави дезени.

Додатоци:

- Капа за спиење која може да се вади (служи да го држи главчето на бебето кога ќе заспие), исто и како заштита од ветер, дожд, сонце, како и прекривка при доење

- Ременчиња за стапалата, за поголема удобност на детето

- Џепови за сместување на клучеви, мобилен, паричник ....

- Трака на прерамките која спречува вашата торба да отклизне

За носење: од 3,2 кг до 20 кг

Една величина, одговара за висина од 150 до 190 цм и обем на струк од 63 до 148 цм

Лесна е и компактна, секогаш при рака кога ќе ви затреба!

 

 

Положби на носење: напред и позади на грб. Тежиштето на бебето секогаш паѓа кон вас!

Погледнете ги Упатствата за местење тука

Одржување: Се препорачува да се одбегнува често перење, т.е. по потреба да ги исперете само  тие места каде што треба, со благ детергент или сапун. Може да се пере во машина со ладна вода, на програм за остеливи работи или рачно перење. Преходно закопчајте ги сите копчи, ставете ја во јастучница. НЕ користете омекнувач, сушете на воздух, НЕ во сушара!

06/03/2014 23:53