
Canboli e холандски бренд на бебешка облека во живи, весели бои. Направена е од турски 100% органски памук кој е GOTS цертифициран и е боен со органски бои. Органскиот памук е супер мек и е идеален за осетливата бебешка кожа!
Зошто органски памук?
Органски памук е памук одгледан без употреба на пестициди и преработен и боен без употреба на хемикалии. Тој е мек и пријатен на кожа, подолготраен од обичниот памук и го задржува обликот и по многу перења. Облеката од органски памук станува се‘ попопуларна, нарочито кога се работи за бебиња и деца.