За полесно родителство и повесело и посреќно детство ...

НОСИ МЕ ! 

 

Постојат стотици работи за бебиња ... кои изгледаат прекрасно, но ЕДИНСТВЕНО што навистина му треба на вашето бебе е да биде блиску до вас!

Носењето на бебе во марама не е ништо ново - со илјадници години наназад мајките ги носеле своите деца на тој начин, давајќи им ја така потребната љубов, блискост, сигурност, утеха и храна во секој момент, и истовремено ги обавувале своите секојдневни обврски.

Денес се' повеќе родители се враќаат на оваа стара пракса

 

Добро за бебето и добро за вас!

 

 

Спокојно и среќно бебе - Бебињата кои се носат плачат помалку, спијат помирно  и кога се будни се спокојни ...   привиено на вашето тело бебето се чувствува сигурно и безбедно, не развива чувство на страв  и побргу се прилагодува на надворешниот свет . Вашето движење му ги јакне  мускулите и смирува грчевите ... добива постојана стимулација преку топлината на вашето тело, дишењето,  чукањето на срцето и вашиот глас ...  

Не се плашете дека ќе го разгалите ако го носите - носените бебиња се осамостојуваат порано  и израснуваат во деца сигурни во себе !

 

 

 

И најдобро од се’ ... вие имате слободни раце и носењето не ви е заморно !

Може лесно да се движите секаде и дискретно да го подоите своето бебе

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во  цврста прегратка  со вашето бебе, ќе уживате ЗАЕДНО во секој миг!

Сите обврски и активности полесно може да ги завршите со  бебе кое е мирно и задоволно

 

 

 

 

 

 

 

Марами и носилки што може да ги одберете во Бебе Слинг !

Boba Wrap, долга марама еластична марама, за носење уште од првиот ден па до 1,5 година. Носењето е удобно и за подолг период, бидејќи тежината е распоредена преку двете раменици, грбот и половината.  

Слинг марама (марама со алки) која се носи преку едното рамо и важи за носилка која најбргу се мести и подесува! Слингот е универзален и  корисен - бебето многу лесно се преместува од една положба во друга - за да го подоите во неа или успиете и  потоа  лесно да го префрлите во креветче, да работите по дома, пазарите или одите на прошетка. Опашката (делот што виси напред)  се користи како прекривка кога сакате дискретно да го подоите, а служи и како заштита од сонце, ветер ...  Слингот е супер и кога детето проодува, па сака час доле, час во раце ... и понатака кога ќе се замори ... Може секогаш да ја носите со себе бидејќи зафаќа малку место и по потреба само ја префрлате преку глава и го сместувате детето. Зависно од возраста, може да го носите детето во преку 10 положби. Слингот може да го користите за носење од новороденче па се‘ додека постои потреба, најчесто некаде до 3 години ! Pixiekid слинг и Sling ByMama

Меки носилки (Boba Carrier) се закопчуваат и подесуваат спрема телото како ранец. Прерамките и појасниот дел се екстра појачани и овозможуваат удобно носење подолго време и на поголеми деца (до 4 год. или до 20 кг). Тежината е распоредена рамномерно преку двете раменици и половината. Положби: напред и позади на грб.

Сите овие носилки се едноставни и лесни за користење, ергономски исправни и се инспирирани од традиционалните носилки какви што се користеле и се' уште се користат кај "примитивните" заедници.

Носењето е секогаш исто како кога би го носеле бебето во раце.

 

 

 

 

 

 

 

13/10/2009 19:16